речник контакт

Нов вооружен грабеж, ограбена Бензинската на Макпетрол на автопат

Две лица од вработениот со закана од пиштол одземени 98 илјади денари

Петар Печков

Вчеравечер околу 22,45 часот извршено е разбојништво на Бензинската пумпа на Макпетрол бр. 072 на автопатот Скопје – Гевгелија, кај влезот во Велес. Според полицијата две маскирани лица упаднале во Бензинската станица на Макпетрол и од вработениот со закана од пиштол одзеле 98 илјади денари.

Тие ми се заканиле по живот и го заклучиле во вецето по што избегале во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Оваа бензинска пумпа беше ограбена  пред една година а тогаш беа одземени 22 илјади денари.

Бензинските пумпи на Макпетрол во Велес се често мета на разбојници. Пред еден е  месец беше ограбена таа на влезот од Штип кога беа одземени 84 илјади денари. Во 2013 имаше три а во 2012-та две разбојништва во велешко на бензинските пумпи. Ниту еден сторител досега не е пронајден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »