речник контакт

Нов инцидент на одбојкарски натпревар

Зошто толку инциденти на одбојкарските натпревари во Велес?

Петар Печков

 

Првенствениот одбојкарски натпревар помеѓу машките екипи на  Борец и Шкендија од Тетово со многу нервоза и навреди од страна на публиката малку требаше да не го дочека крајот. МНогу искри и недолично однесување во салата на ОУ Блаже Конески. Стотината домашни навивачи со честите скандирања ,,шиптари, шиптари,, ги изнервира гостите од Тетово кои три пати ја повлекуваа екипата од теренот, но благодарејќи на тренерот на велешани Јованче Манасков, средбата се одигра до крај а Борец победи со максимални 3:0.

Меѓутоа тоа не беше крај на случувањата во Велес, кога по завршувањето на средбата од гостинскиот автобус непознати сторители ги украле регистарските таблички, инцидент кој е потврден и од СВР Велес а коај го бара сторителот. Ова е трети инцидент на одбојкарските терени во Велес за месец дена, претходно непријатни епизоди имаше женската екипа со дупење на топки и сечење на држачите за мрежата

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »