речник контакт

Нов компјутерски вирус

Експертите за антивируси на британската компанија „Софос“ ги предупредија корисниците дека е забележана појава на нов „тројан“ кој ја злоупотребува веста за смртта на Слободан Милошевиќ.

Аница Солева

Експертите на „Софос“ ги предупредија сурферите на е-мајловите во чии пораки стои тврдење дека постојат силни докази за убиство на Милошевиќ. Во предупредувањето стои дека таквите пораки обично содржат наслов „Убиен е Слободан Милошевиќ, а покрај нив стои датотека именувана како „picture.scr“, која наводно претставува фотографија со видливи докази за убиството на поранешниот претседател на Србија и СРЈ. Во пораката, исто така, се појавува и информација дека пораката е скенирана со антивирусна програма, инсталирана во компјутерот на корисникот. Пораката всушност содржи малигнен „тројан“, „Dropper-FB“, кој се обидува да го зарази компјутерот. „Хакерите, со желба да ги заразат компјутерите на голем број корисници, ја искористуваат „морбидната љубопитност“ на јавноста и нивниот апетит за важни вести“, изјави Грахам Клулеј, еден од технолошките советници во „Софос“. Милошевиќ е последна во низата јавни личности која е искористена како „мамка“ на злонамерните хакери. Некои од најпознатите политичари, чие име се користело за исти цели биле Садам Хусеин, Арнолд Шварценегер, Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Маргарет Тачер и Роналд Реган. На интернет корисниците им се препорачува да не ја отвораат поштата од непознати испраќачи, а која во насловот го содржи името на Слободан Милошевиќ, туку редовно да прават „update“ на своите антивирусни програми. Извор: [url=www.a1.com.mk]А1[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »