речник контакт

Нов компјутерски томограф во болницата во Кавадарци, донација од ЕУ, вредна 400 илјади евра

Пациенти од Кавадарци, Тиквешијата но и од Повардарјето не ќе мора да патуваат за Скопје или Штип за да добијат услуга на компјутеризирана томографија

Петар Печков

Болницата во Кавадарци доби компјутерски томограф, кој е донација од ЕУ. Тој е вреден 400 илјади  евра, марка „Филипс“ 128 слајсен, со високи перформански. Со неговата употреба ќе се зголеми нивото на здравствените  услуги кои ги добиваат пациентите.

„Апаратот е еден до најсовремените и најсофистицирани во светот. За прв пат ваков апарат се инсталира во нашата Болница, долго време немавме ваков апарат. ВО соработка со ЕУ го добивме со нивна финансиска помош. Докторите и рендген техничарите минаа низ соодветна обука и едукација, извршени беа мерења и добиена е  дозвола  за работа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурниот“ - кажа д-р Диме Коцев директор на Општа  Болница Кавадарци.

Со неговата употреба ќе се растоварат листите за чекање во другите болници.

„Компјутерскиот томограф отвора перспектива за навремено дијагностицирање за многу заболувања. Тоа е апарат со кој ќе се детектираат итни случаи и животно загрозувачки состојби на пациенти од централниот дел на Македонија.  Со поадекватна услуга, навремена дијагностика ќе се подигне квалитетот на лекување“ - изјави Владимир Рендевски заменик министер за здравство.

Пациенти од Кавадарци, Тиквешијата но и од Повардарјето не ќе мора да патуваат за Скопје или Штип за да добијат услуга на компјутеризирана томографија.  Настанот беше по повод 7 септември ослободувањето на Кавадарци .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »