речник контакт

Нов обид за разбојништво на бензинска, фатен еден од сторителите

По осум дена обид за грабеж на истата бензинска и истиот вработен, како и на 30-ти април. Храброста на вработениот кому му пукнал филмот два пати да биде пљачкан за осум дена, била решавачка разбојниците да избегаат

Петар Печков

Утрово околу  3  часот имало обид за разбојништво на бензинската пумпа на Макпетрол близу Велес, на автопатот Скопје -  Гевгелија. Но храбрата реакција на вработениот. ги уплашила разбојниците кои се дале во бегство а подоцна полицијата еден од нив го фатила.  

Ноќта две маскирани лица со закана со нож и секира  влегле во бензинската пумпа 072 се обиделе да извршат разбојништво. Откако  му се заканиле на вработениот Кој пред седум дена исто така беше нападнат и огребена истата пумпа, одлучно се спротивставил, храбро им се заканил дека не дава никакви пари, дека ќе  викне полиција и бидејќи при рака имал телефон веднаш побарал помош.

По ова двете лица  се дале во бегство  а едниот неколку минути подоцна бил фатен од патролата на полицијата која била на соседната бензинска пумпа на влезот од Велес.    По преземени мерки во ПС Велес е задржан Л.Т.(20) од Велес, а полицијата е во потрага и на другото лице. Оваа Бензинска пумпа беше цел на разбојништво пред осум дена кога на смена беше истото лице.

Тогаш две маскирани лица со закани од пиштол одземаа  98 илјади денари. Изминатите две години бензинските пумпи н Макпетрол во велешко беа често мета на разбојници а причината според познавачите е  што кај нив во ноќната смена имало само дене дежурен кој бил и на каса и точел гориво. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »