речник контакт

Нов парк во станбен комплекс УЗУС (фото)

Површината на паркот е 6 илјади м2, има патеки во должина од 670 метри, 20 канделабри, 20-тина клупи, детски реквизити и справи за вежбање

Петар Печков

Нова паркова површина од шест илјади м2 добија жителите на станбениот комплекс УЗУС.  По повод 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес,  денес  тој беше предаден за користење, со засадувње на нови садници зимзелени дрвја.

Паркот е  хортикултурно уреден, со изградена нова пешачка патека во должина од 370 метри и внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставено е осветлување со 20 канделабри, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити и справи за вежбање.

Општина Велес издвои  4,5 милиони  денари од локалниот  буџет за изградба на овој парк. Повеќе од 2000 жители  од овој дел на градот добија уреден простор за одмор и рекреација.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, најави зголемување на  парковската површина во градот. Паркот е изграден согласно Програмата за нови зелени површини на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »