речник контакт

Нов правилник за користење на брашно со многу непознати

Агенцијата за храна со новиот правилник пропиша користење на брашно, кое не постои, велат мелнмичарите

Петар Печков

 Агенцијата за храна со новиот правилник пропиша користење на брашно, кое не постои. Ова го констатирале мелничарите и тие бараат објаснување од надлежните на што се однесува новиот правилник за квалитет на пченичното брашно, каде е пишан тип  кој не постои во земјава ни во странство. Може да се случи со постојната регулатива земјава да остане без брашно.

Деновиве прочитавме во службен весник за правилник за квалитет на пченично брашно . Ние како трговија сме затечени од ова информација, дали може да продаваме брашно со вакви карактеристики. Нашите анализи од домашните и странските млинови , покажуваат дека не гледаме да  има тип на брашно со овие пропишани  карактеристики. Како стопанска комора се обративме до Агенцијата за храна и ветеринарство да ни појасни за правилникот, за што станува збор. Ако важи правилникот , ние според  него  немаме брашно со таков тип на квалитет. Ако сакаме да увеземе или да купиме од некоја фирма од Македонија, според правилникот, со тој  пропишан квалитет, се сомневаме дека постои. Затоа  бараме правилно толкување и точно да ни го објаснат овој правилник за квалитет на пченичното брашно - изјави  Румен Смилев поранешен претседател на мелничикото здружение, сега сопственик на трговско претпријатие, кое се бави со продажба на големо.

Вели дека новиот Правилник бил баран уште пред пет шест години,  но со забелешки  да се регулираат додатоци во брашното кои не биле декларирани. Тоа го практикувале и домашни млинови за да се подобри квалитетот на брашното.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »