речник контакт

Нов претседател на СДСМ за Велес

Марјанчо Николов е новиот претседател на СДСМ за Велес. Тој беше единствениот кандидат за претседател на изборната конференција...

Петар Печков

Марјанчо Николов е новиот претседател на СДСМ за Велес. Тој беше единствениот кандидат за претседател на изборната конференција, бидејќи претходно другите тројца предложени противкандидати се откажаа.

За Николов гласаа сите 88 присутни делегати, така сега тој има две функции, освен претседател на ОО на СДСМ за Велес тој е пратеник во Републичкото собрание.

На изборното собрание беа избрани и 18 членови на Извршниот добор, кој подоцна треба да го именуваат секретарот на партијата.

Досега на челната позиција на велешките социјалдемократи беше д-р Марјан Спасов.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »