речник контакт

Нов протест за случајот на смртта на Тамара

Од протестот се побара оствка на министерот за здравство Тодоров, но и воведување на нов член во Законот кој ќе биде именуван ,,членот за Тамара,,

Петар Печков

Велешани повторно се собраа во Младински парк, за гласно да го кажат нивното незадоволство од ,,состојбите во болното македонско здравство,, каде жртва беше малата Тамара. Од протестот се побара оствка на министерот за здравство Тодоров, но и воведување на нов член во Законот кој ќе биде именуван ,,членот за Тамара,,.

Случајот на Тамара ни ги отвара очите за сите проблеми во здравството, за сите пресечени црвени ленти кои од ленти се претворија во црвени картони и за се она за кое што страдаме и се губиме низ лавиринтите на здравствениот систем кој го направија бирократија, административни трошоци а не направија едно парче хартија кое според Хипократовата заклетва треба да ги обврзува да се грижат за она за што реално служи здравството, а тоа е пред се и над се пациентот. Тамара почина поради бирократските процедури - рече водителот и новинар Огнен Јаневски.  

Собраните граѓани повторно покажаа црвен акртон за министерот за здравсто Никола Тодорв.  и апелираа да не се повтори случајот во кој поради постојаното одложување на потребната операција од страна на надлежните инситуции, Тамара почина.

Тодоров, оставка мора да дадеш. Ние како граѓани бараме лична одговорност од тебе затоа што Тамара почина поради вашата изјава дека ќе ги покриете сите трошоци на операцијата. Сакаме да ви кажеме дека вез оглед на тоа што вршите притисоци, ние нема да попуштиме, ќе издржиме и ќе се избориме за она што сме дојдени тука – рече Димче Велев, еден од организаторите на протестот.

 фото МОФ

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »