речник контакт

Нов пункт за земање ПЦР тестови во Велес

Новата просторија е во зградата на Хигиенски а пациенти се тестираат во „мој термин“. Има термини и за брзи тестови

Петар Печков

Обезбедена е нова просторија, каде се зема брис за лицата кои проверуваат дали се ковид позитивни. Досега оваа услуга, две години се извршуваше во пунктот кој беше во просториите на некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, но имаше големи реакции од пациентите за условите, каде се работеше.    

„По барање на локална власт требаше да го напуштиме досегашниот простор, каде се земаше брис за ковид пациентите. Обезбедивме нова престорија, нов пункт,  заедно со Здравствен дом, во зградата на Хигиенски. Пациенти за ПЦР тестови  сега доаѓаат во „мој термин“ до 11 ч  а од 12 ч се работат брзи тестови, исто така во „мој термин“ - кажа Богданка Дограмаџиева, Јораданова директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Оваа седмица просечно во овој пункт се тестирале по 30 пациенти дневно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »