речник контакт

Нов скок на хоспитализирани лица со ковид-19 во велешка Болница

Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани пет нови случаи со ковид-19

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани пет  нови случаи со ковид-19, што е далеку помалку од вчерашните 14. Во истиот период оздравени се три лица. Или бројката на активи случаи во велешко  скокна на 31.

Нов скок на бројката на згрижени лице во двете ковид одделенија од велешка Болница. Таму има 17 пациенти, три повеќе од вчера.  Hа Инфективно хоспитализирани  се осуммина  а на Интерно се девет  пациенти. Ново  примени се двајца пациенти  а   испишани нема.

„Потврдено позитивни се двајца пациенти, непотврден четворица а 11 пациенти  се    негативни   но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца  пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »