речник контакт

Нов случај на педофилија во Велес

Велешанец осомничен дека во три наврати силувал шеснаесетгодишник, за што му поднесе кривична пријава.

Петар Печков

Полицијата се сомнева дека лицето С.Н. (48) од Велес извршил полов напад врз  малолетникот М.Ф. (16) од Велес. Пријавениот во текот на месец јануари 2010 година   често доаѓал пред градскиот трговски центар во ,,Нова населба,, во Велес каде ги посетувал блиските спортски обложувалници при што го запознал и оштетениот М.Ф.

Пријавениот во неколку наврати кога со други граѓани стоел пред трговскиот центар го праќал оштетениот да му уплати ливчиња во обложувалниците и на тој начин му се приближувал. Во почетокот на месец јануари 2010 година пријавениот стоел со повеќе лица пред трговскиот центар меѓу кои бил и оштетениот. Во една пригода тој оштетениот  го канел кај него дома, и откако другите присутни си разотишле, пријавениот го присилил М.Ф. да тргне со него.

Оштетениот под страв бил одведен во стара запуштена куќа во околината на трговскиот центар каде немало никој и бил внесен во истата. Од страна на пријавениот насилно му биле соблечени тренерките и долната облека, по што истиот извршил полово дејство над него. По завршувањето на сексуалниот чин, пријавениот му се заканил по животот на оштетениот доколку каже некому за настанот или пак пријави во полиција.

Во следните две седмици користејќи се со истите и слични закани, пријавениот во уште два наврата го повторил половото дејство над оштетениот. Оштетениот М.Ф. подолг временски период не зборувал никому за настанот, чувствувајќи страв и срам, додека во разговор со надлежните во училиштето каде учел не го објаснил настанот.

На ден 03.03.2010 година од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес пријавениот е повикан на информативен разговор, со истиот извршен е разговор при што тој во целост го негира горенаведеното. Од страна на оштетениот е извршено препознавање.  Пријавениот и претходно е пријавуван за кривични дела против имотот, за што му се изрекувани и затворски казни, како и мерки засилен надзор од родител-посвоител и упатување во воспитно-поправен дом.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »