речник контакт

Нов случај на позитивен со ковид-19, вработен во Скопје, еден оздравен

Во Велешко има 18 активни случаи, на Инфективно одделение сместени се 14 пациенти

Петар Печков

Еден ново заразен, еден оздравен е денешниот биланс од пандемијата  со ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.  Во велешко има  18 активни случаи.

Лицето кое  е позитивен на ковид-19 е маж, кој работел во Скопје и смета дека од таму се заразил. Имаме и еден пациент оздравен, тој е од домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во велешко има 288 заразени, 256 оздравени и 14 починати. Од  активни случаи 12 се на домашно лекување, петмина се на Инфективно одделение и еден пациент е на Инфективна клиника во Скопје.

На Инфективно одделение има 14 лица, 10 се потврдено позитивни  за четири се чекаат резултати. Двајца од пациенти се на кислородна поддршка - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »