речник контакт

Нов случај на починато лице позитивно на ковид-19 во Велес

Ова е втор смртен случај од последици на ковид-19, годинава за три седмици во Велес. Во градот има пет активни случаи на корона вирусот

Петар Печков

И во третата седмица од оваа година, Институтот за јавно здравје  на Република Македонија, информираа дека во  Велес има починато лице, од последиците на ковид-19.

Тоа е маж на 85 годишна возраст. Починато во болнички услови, со коморбидитети, во периодот16- 22 јануари.  Претходниот  смртен случај годинава беше во периодот  2 до 8 јануари, лице на 60 годишна возраст

Вкупно досега во Велес и велешко има починато 330 лица од компликациите предизвикани од ковид-19.

Во овој период 16-20 јануари, во градот има пет активни случај на позитивни на ковид-19.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »