речник контакт

Нов случај на смрт од предозираност

Велешанката Татјана Андоновска ( 41 год) во петокот наутро пронајдена е мртва во стан во Скопје заедно со Ненад Симоновиќ ( 29 год).

Петар Печков

Телата ги пронашол таткото на момчето,  во куќа на улицата "Тодор Чапов" број 26 во населбата Ченто. Тој прв ја видел страшната глетка, безживотните тела ги пронашол на подот во собата, утрината околу 8,45 часот. Веднаш повикал доктори, но екипата на Брза помош не можела да направи ништо, само ја констатирале смртта кај двајцата.

Ненад и Татјана, според изјавите на најблиски извесно време биле во врска. Разликата во годините не ја спречувала љубовта која постоела помеѓу двајцата. Според првичните резултати од истрагата Ненад и Татјана починале од предозираност. Екипа на Судска медицина телата ги однесла во Институтот за обдукција.

Таму ќе треба да ја утврдат точната причина за смртта. Во куќата каде и беа пронајдени телата, неколку часа истражните органи вршеле увид. Освен полицијата и истражниот судија, процесот го набљудуваа таткото и сестрата на Ненад. Семејствата на починатите ќе ги чекаат резултатите на докторите од Судска медицина, за да бидат сигурни од што починале.

Неофицијално момчето и девојката се запознале во Болницата каде и двајцата се лекувале. Деновиве двајцата биле пуштени на неколку дена, па дошле во куќата на Ненад. Утрината, таткото на несреќното момче кога ја отворило вратата забележал дека двајцата биле во безсознание а во собата имало опрема која ја користат зависници од дрога. Таткото повикал брза помош но лекарите само ја констатирале смртта.

На телата на починатите немало траги на насилство. Причината за смртта ќе ја утврди Институтот за судска медицина, а полициската истрага треба да покаже како двајцата ја набавиле дрогата од која се лекувале.
Минатата година според наркозависниците од Велес, во градот починале 20 лица а во кој  има 250 регистрирани зависници.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »