речник контакт

Нов сообраќаен режим околу ОУ Васил Главинов и кај пазарот во Нова населба

Еднонасочни се улиците Христо Татарчев, Никола Карев и два крака од 11-ти Октомври.

Петар Печков

Од вчера  започна да се применува новиот сообраќаен режим, околу основното училиште Васил Главинов и во пошироката околина. Воспоставен е нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на сообраќајот по улиците:  Христо Татарчев, Никола Карев и 11-ти  Октомври, два крака од неа. Улиците се соодветно обележени со хоризонтална и вертикална сигнализација, соопштија од локалната власт.

Посебно значење и дадовме на зоната околу училиштето Васил Главинов, каде заради поголема безбедност на децата, поставивме сигнализација „зона 30“ и „школо“ . Апелирам до возачите на внимателно возење и за почитување на сообраќајните знаци и на насоките за движење на возилата - кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Со новиот сообраќаен режим улицата Христо Татарчев која води од крстосницата кај бифе Марија до Интернатот е еднонасочна во тој правец на движење, улицата Никола Карев во правец од бензинската на Брако до крстосницата со Борис Трајковски, до влезот во ОУ Васил Главинов е еднонасочна во тој правец. Еднонасочна е и улицата 11-ти октомври од споменикот на Бауман до фабриката Брако и истата улица од кафе бара Сама со Трговскиот  во Населба. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »