речник контакт

Нов сопственик на АД Лозар

Благоја Ханџиски сопственикот на аптеките Зегин ја купи винарската визба на поранешен АД Лозар.

Петар Печков

Благоја Ханџиски сопственикот на аптеките Зегин ја купи винарската визба на поранешен АД Лозар.

Тој понуди 69 милиони денари што беше оценето како најповолна понуда од страна на Одборот на доверители на АД Винарска Визба во стечај.

Ханџиски најавува дека во визбата ќе се произведува некомерцијално вино, наменето за странските пазари.

- Визбата ја купив со една намера, да произведуваме медицинско вино. Македонското поднебје е создадено за вакво производство така што со партнерите од Исланд веќе сме договорени и за пласман во Скандинавските држави - изјави новиот газда на Винарската Визба во Велес Благој Ханџиски.

Почетната цена на визбата која има капацитет на 24 илјади тони беше 52,3 милион денари а на продажбата која беше по пат на затворени писмени понуди, се јави и досегашниот корисник на визбата, неготинската фирма „Св Елена“ која нудеше 67,7 милиони денари.

Визбата се продаде со машинската опрема и транспортните средства во еден пакет. Таа не работеше четири години откако некогашниот сопственик АД лозар отиде во стечај.  

За разлика од неа, ниту во шестиот обид не се продадоа залихите на алкохолни пијалоци, вино, ракија, коњак и вињак флаширани и рефус, производи на АД Лозар. На оваа лицитација не се јави ниту еден заинтересиран потенцијален купувач.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »