речник контакт

Нов театарски фестивал во Велес

Во Велес се подготвува нов театарски фестивал на кој приоритет ќе му бидат истражувачки претстави, содржина која недостига во постојните театарски манифестации.

Петар Печков

Група млади ентузијасти веќе во голема ги одработуваат деталите за фестивалот ,,Импакт,, кој би требало да се одржи во средината на мај следната година. Поддршка за негова реализација има од повеќе структури а локалната власт на Велес во целост застанала за него.

На публиката ќе и понудиме претстави кои што поддржуваат истражувачки пристап било  на актерски пристап, било режисерски,  на визуелниот дизјан или друг дел до театарската претстава. Тој ќе има поинаков пристап во однос на  останати, постојни  во Македонија. Работиме на  нешто што недостига во земјава, нешто што се прави во Европа. Нема да биде само ревија на театарски претстави ќе има и други содржини. Во зародиш фестивалот претендира да биде битен играч на овој поширок простор. - вели  Александар Ивановски театарски режисер завршен во Прага Чешка.

Организаторот најавува дека Буџетот е безмалку склопен и Фестивалот финансиски ќе биде поддржан  од општина Велес и повеќе меѓународни институции, фондации и амбасади, кои веќе дале согласност да го помогнат. Познато е дека на првиот фестивал ,,Импакт,, ќе учествуваат ансамбли со претстави од Холандија, Германија, Англија и САД.

Две третини од програмата ќе бидат  релевантни странски претстави, професионални и независни проекти кои имаат истражувачки концепт. Не е важно дали тоа е реализирано  во национален театар или некоја трупа, тоа не пречи,  тоа е технички детаљ, важен е пристапот кон работата. Остатокот од програмата  ќе биде за квалитетни домашни претстави, било да е танц, театар, комплетно ќе ја поддржиме или иницираме македонската независна продукција бидејќи истата скоро и да не постои. Претендираме да станеме препознатлив фестивал во регионот, за современи трендови во театарот – додава Ивановски. 

Меѓу содржините на фестивалот е  работилница, веќе е познато дека првата година ќе биде за методи на актерска игра, која ќе ја работи Мими Таневска професор на ФДУ,  со учество на посетители од седум европски земји плус од Македонија. Фестивалот ќе се бави и со преведување на битни, современи, релевантни театарски текстови нешто што многу фали во земјава.

Концептот на организаторот е да се преведуваат 2-3 текста од некоја одредена драматургија и земја.  Се преговара со неколку земји кои се заинтересирани нивната култура да се претстави кај нас и нивни автори во текот на одржувањето на фестивалот да бидат преведени на македонски, истите да бидат отпечатени и презентирани со актерски читања. Фестивалот ќе биде во организација на здружението Центар за креативни акции Импакт.

Сакаме фестивалот да има корен во Велес, бидејќи  тој е град кој ги носел битните промени во театарот во Македонија. Историјата на велешкиот театар   и култура е богата и таа мора да продолжи. Познато е дека од овој град е првата жена актерка Тинка Коларова во Македонија, потоа основополжникот на современиот драмски текст Џинот, па Прличко. Не саке да правиме локално фестивалче, туку тој да биде отворен кон Европа со одбрани театарски претстави – објаснува Ивановски.

Екипата што го гради фестивалот брои 20-тина млади луѓе и  веќе влегле во  релевантна европска театарска мрежа каде има осум фестивали од осум држави, кои имаат ист истражувачки приод и концепт кон театарот. Ќе ја користат техниката и хуманите ресурси на велешкиот театар. Но ќе користат и градски  неформален простор, настрана од класичната сцена, тој нема да биде постојан, туку  цел  е да го оживеат градот со овој фестивал, да не се затвараат.

Работилниците ќе се одржуваат во  некоја од четирите спомен куќите  кои се во сопственост на општината. Заради создавање фестивалска атмосфера во текот на неговото одржување на неколку места ќе има  времени инсталации на дела од уметници кои потекнуваат од Велес, било да се вајари, скулптори, сликари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »