речник контакт

Нова, четврта група бегалци емигранти на Железничка во Велес

Ноќва и утрово 30 бегалци биле симнати од воз на МЖ

Петар Печков

  30-тина бегалци од Сирија и Палестина, вчеравечер и  утрово биле  откриени во патнички воз на Македонски железници. Тие биле симнати на Железничката станица со возот кој синоќа  во 21,10 и утрово во 6,30   допатувал од Гевгелија а возел за Скопје. Сите биле со уредни патни билети. 

МВР го потврди настанот, додавајќи дека биле откриени 27 лица. Бегалците биле на различни возрасти,без документи и тврделе дека се од Сирија и Палестина. Околу 10 часот биле префрлени за Гевгелија и вратени за Грција.

Бидејќи повеќето немале никаков документ, со себе носеле легитимација која им  ја издале грчките власти, а со која  им служи за идентификација и имаат  рок да ја напуштат нивната земја  за 30 дена. Врз основа на оваа легитимација, Грција добива средства од ЕУ за справувањето со бегалците. 

Ова е четврта група на бегалци кои се откриени на железничката станица во Велес, за еден месец и половина. Нивната бројка е повеќе од 200 лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »