речник контакт

Нова акција против двокраците на Мукос

Овој пат дрвата ги пренесувале во запрежни коли, две лица се трага побегнале

Петар Печков

Средата  попладне нова заедничка акција на велешката полиција и шумската полиција на теренот на планината Мукос, на стариот пат од Велс кон Прилеп. И повторно како и две години наназад кај селото Степанци, фатена е група на прилепчани како нелегално сече дрвја.

Во времето од 16.30 до 23.30 часот во атарот на с.Степанци, кај м.в. „Дервен“, од страна на  полициски службеници од ПС ОН Велес и ПО Чашка во координација со Шумска Полиција  е извршена контрола на теренот со цел да се утврди дали има лица кои вршат бесправна сеча на шумата.  Притоа се затекнати пет лица како бесправно сечат и превезуваат огревни дрва. Тројца од нив се фатени и се работи за А.И.(30), Џ.М.(24), Т.М.(28) сите од Прилеп и две непознати лица кои се дале во бегство, и не се пронајдени, со вкупно околу 8 кубни метри огревни дабови дрва. Трите запрежни возила, еден патнички автомобил марка „Лада“ без регистерски ознаки и алатот со кој е извршено кривичното дело заедно со иссечените дрва се одземени од страна на припадниците на Шумска полиција – Велес – пишува во информација од СВР Велес.  

Изминатите години во повеќе акции беа фатени десетици лица, сите без исклучок прилепчани, кои ја сечат шумата.

Нелегално пресечените  дрвја ги товараат во автомобили марка ,,лада,, и потоа ги препродаваат. Познавачите сметаат дека тие се дел од органзирана мрежа, зад која стоја лица кои го собираат најголемиот дел од  парите од продажбата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »