речник контакт

Нова акција против дрвокрадците кај Степанци

Фатени пет прилепчани на возраст од 19 – 39 год со пет м3 даб

Петар Печков

о четвртокот попладне биле фатени на дело петмина прилепчани,  кои сечат нелегално дрвја во околината на селото Степанци.    Акцијата ја  извеле  заеднички  велешката полиција, Шумската полиција и ЈП Македонски шуми.

При  обидот за  апсење групата давала отпор, не  ги почитувале службените лица и се обидела да избега.    Настанот се случил во терминот од 18 до 20ч. на стариот пат од Велес за Прилеп, преку Извор и  планината Мукос.          

Спроведена е  заедничка акција за бесправен превоз на дрва и пустошење шуми. При тоа, во месноста викана . „Црници“ атар на село Степанци, затекнати се пет лица , сите од Прилеп на возраст од 19-39 години при нелегална сеча на дрва. Тие со пет патнички автомобила марка „лада нива“ вршеле бесправен превоз на вкупно пет метри просторни дабови огревни дрва  - информираа од СВР Велес.  Возилата и дрвата биле одземени, а по целосно документирање на настанот,  ќе бил поднесен соодветен поднесок. 

И во овој случај како претходните четири годинава, кои беа околу Степанци,  превозот се вршел со нерегистрирани лади ниви, кои се купуваат по 100 евра и биле идеални за  превоз на дрва. И повторно се прилепчани за кои се смета дека работат за порачател, кои за мали пари ги ангажира а дрвјата потоа ги препродава во висока цена.  

Сите случаи кои годинава беа откриени се во околината на селото Степанци, кое е  далеку и од Прилеп и од  Велес, па е идеално за нелегална сеча, оти  секое доаѓање на службените униформирани лица, може да се забележи,а крадците навреме да побегнат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »