речник контакт

Нова група 34 повратници од странство го напуштија хотел Монтенегро

Во хотелот останаа уште петмина повратници

Петар Печков

Вчера и денес група од вкупно 34 македонски државјани, повратници до странство го напуштија хотелот Монтенегро Ривиера, близу Велес, каде беа сместени во државен карантин. За нив кратко траеше,з а некои два за други три дена.  Вчера претпладне бројката на сместени лица беше 39 а денес попладнево е пет. 

Во текот на вчерашниот ден со мобилна екипа на една приватна овластена лабораторија беа земени 34 брисеви на личен трошок на повратниците, коишто самостојно инсистираа да се тестираат, со цел доколку нивните резултати се негативни, да го напуштат државниот карантин и со претходно потпишана изјава, да добијат решение за задолжителна домашна самоизолација изготвено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во текот на попладневните часови пристигнаа 7 негативни резултати и тие повратници го напуштија карантинот и се упатија дома. Во текот на денешниот ден пристигнаа преостанатите 27 резултати кои беа  негативни, истите повратници го напуштија карантинот и  заминаа во задолжителна домашна самоизолација - кажа д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дом -Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »