речник контакт

Нова група емигранти на велешка железничка станица

Ова е трета група за десетина дена. МВР соопшти дека сите се вратени во Грција

Петар Печков

Средата вечер во патничкиот воз Гевгелија – Скопје македонската полиција открила  нова група емигранти. Станува збор за бегалци од Блискиот исток, кој се качиле на железничката станица во Гевгелија и сите биле со уредно купени возни билети.  На полицијата  оваа група ја пријавиле патниците од возот.

Откриена е група од  околу 20-тина патници, а различни возрасти. Сите биле бегалци од Сирија, Палестина, Авганистан.   По откривањето веднаш се вратени  од земјата од каде  илегално влегле – изјавија од МВР.  

Во оваа група илегалци имало и повеќе деца на возраст и до десетина години. Ова е трета поголема група бегалци откриена  на железничката станица  во Велес, првата бореше 135, втората  25 лица.

Според проценките на ОН од Блискиот исток  Сирија, Палестина, каде се војува има околу три милиони бегалци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »