речник контакт

Нова група македонски државјани, повратници сместена во хотел Монтенегро

Во државен карантин се наоѓаат 79 македонски државјани, меѓу нив има и велешани. Во изолација се 94 лица од велешко

Петар Печков


Минатиот петок и сабота, на 22-ри и 23-ти мај во хотелот Монтенегро, крај Велес дошла третата група повратници од странство, македонски државјани. Тие таму ќе минат 15 дена пред за заминат дома. Петокот  стигнале 40 лица а следниот ден стигнале 39 лица.

Во оваа трета  карантинска група има 79 лица. Прегледани се од страна на лекарски тим од страна на Интерно одделение. Сите се во добра здравствена состојба, негативни на ковид-19 -изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.

Во хотелот има дежурни карантински екипи на Здравствен дом и на Општа Болница.  За почитување на мерките се задолжени припадници на МВР И на АРМ. 

Во Велес и велешко денес има 94 лица во изолација, преку викендот нема ниту еден нов случај кој со решение треба да биде дома, нема лица во самоизолација во велешко.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »