речник контакт

Нова игротека Trendy kids во Велес за деца и тинејџери (фото)

Игротеката е комплетно опремена со играчки и содржини за забава за деца и тинејџери од најмала возраст до 15 години и за секаков вид на прослави

Петар Печков

Во Саботата (06.05) се отвори новата игротека Trendy kids во центарот на градот. 

Просториите на игротеката се нови и комплетно опремени со играчки и содржини за забава за деца и тинејџери од најмала возраст до 15 години и за секаков вид на прослави. 

Сакавме да направиме простор за забава за деца од најмала возраст, но и за оние повозрасни дечиња или тинејџери за кои во моментов нема простор каде би се забавувале или би ги прославувале своите родендени и сл.  -  рече Василка Митевска, сопственик на игротеката. 

Игротеката ќе работи од понеделник до петок од 16:00 до 22:00 и во сабота и недела од 11:00 до 22:00. 

Концептот на оваа игротека е сосема поразличен од другите игротеки, кои се опремени само со играчки за деца од најмала возраст. Новата игротека има содржини за забава како конзоли за играње и сл. кои се предвидени за тинејџери и повозрасни дечиња за кои сопственикот вели дека нема простор каде тие би се забавувале или би правеле одредени прослави. Во склоп на игротеката  има и посебен простор за родителите, независен од просторот за играње.  Просторот се пренаменува во зависност од потребите и возрастите на децата. 

Очекувам децата и родителите да го препознаат новиот тренд кој што го нуди ова место и често да го посетуваат. – вели сопственикот. 

За викендите ќе бидат организирани и забави за тинејџерите со различна тематика во период од 20:00 до 23:30 часот. 

телефон за контакт: 075/ 469- 700 Мимоза

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »