речник контакт

Нова кражба на трафостаница во Велес

Овој пат во Рамина, петта за две седмици. ЕВН бара помош од граѓаните во откривање на сторителите

Петар Печков

Продолжува серијата кражби по трафостаниците во Велес. Последната се случила оваа седмица во  месноста Рамина. Од кражбата повторно се прегорени домашни уреди кај локалното население и причинета е материјална штета. Од МВР  ја потврдија кражбата.

Во недоредено време, помеѓу  вторникот  вечерта и средата наутро,  насилно е влезено во трафостаница сопственост на ЕВН во месноста Рамина, на улица Прохор Пчински.  Украдена е бакарна шипка при што  има пријавена  штета од шест илјади денари - изјавија од МВР.  

Од ЕВН Македонија   најавуваат зголемување на мерките на заштита на трафостаниците во градот, откако за две седмици се случија пет вакви кражби. 

Се спроведуваат вонреден инспекциски преглед на сите трафостаници во градот, а во наредните денови ќе се спроведат и во поблиските околни населени места. Се осигуруваат отворените делови или деловите низ кој е можно насилно да влезат крадци. Ќе се осветлува и просторот околу или на самиот приод на трафостаниците кои што се во темна зона односно каде што нема улична светилка во близина. Во наредниот период во градот ќе се вршат обиколки на трафостаници кои се на местата со поголем ризик со цел да се делува предупредувачки на лицата кои се обидуваат да извршат кражби - изјавија од ЕВН Македонија.  

Сите кражби во Велес  се извршени на сличен начин, непознат сторител насилно влегува во трафостаницата низ отворот за вентилација во долниот дел од вратите за трафо просторот и расклопниот простор. Напонот во трафостаницата не е исклучен и сторителот работи под напон, што претставува голема опасност и за животот на крадците и за околината воопшто. Цел на крадците се бакарните делови од трафостаниците кои на црниот пазар и не вредат многу за да се ризикува животот но постапката прави огромни штети и на мрежата и на корисниците.

Ова е петти случај на кражба на енергетска опрема од трафостаници во Велес за само две недели од кои 3 трафостаници се во сопственост на ЕВН Македонија, а две на ЈКП „Дервен“.Во првата кражба има штета кај граѓаните и корисниците околу сто илјади евра, прегорени се апарати за домаќинство и опрема во јавни и приватни фирми.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »