речник контакт

Нова кривична за Илија Тепев

Тепев ја оштетил фирмата Транс Велес за 54 милиони денари

Петар Печков

 Екс директорот на Транс Велес Илија Тепев доби кривична пријава за злоупотреба на службена должност оти ја оштетил  фирмата за 54 милиони денари. Полицијата го товари Тепев дека како извршен директор на  ,,Транс Велес,, во 2002-та  склучил  четири фиктивни  договори со  ТП ,,Тедико,, во висина од  15 милиони денари и 750 илјади евра за што во залог дал 260 товари, патнички превозни средства.

Тој овој договор го потпишал иако знаел дека неговата фирма не е солвентна и не е во финансиска можност да го врати заемот. Подоцна откако долгот не бил вратен, согласно договорот за заем ,,Тедико,, ги презел овие возила од ,,Транс Велес,, . Со наведеното, фирмата ДПТУ „Тедико“ ДООЕЛ увоз-извоз Велес се стекнал со противправна имотна корист од   54  милиони  денари на штета на ДАТШ „Транс Велес“ АД Велес.

Тепев подолго време е во бегство во соседна Бугарија и не може да биде екстрадиран во Македонија бидејќи поседува бугарски пасош. Тој се бара со меѓународна потерница за да одлежи затворска казна изречена од Основниот суд во Велес во траење од една година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »