речник контакт

Нова победа за второлигашот, футсaл екипата на КМФ Кеги моби

Реми за КМФ Велес и пораз за КК Борец баскет

Петар Печков

Спортскиот викенд зад  нас со една победа, едно реми и еден пораз за велешките екипи.

Повторно радоста на победата ја почувствуваа футсал  играчите на второлигашот КМФ Кеги моби, кои дома во  12-тото коло славеа над екипа на КМФ Клими од Кавадарци со 6:4 со што и натаму е лидер на табелата. 

Прволигашот КМФ Велес  во 12-тото коло дома играше нерешено 5:5 со екипата на КМФ Јувентус Серава. 

Во Bтората кошаркарска лига, група Исток КК Борец баскет продолжува со лошата серија порази. На домашен терен во салата Гемиџии загуби од  78:89 од Баскет Кам од Македонска Каменица.  Гостите со оваа победа се израмнија со бодови со велешани, имаат по 11 и се во група од четири екипи а КК Борец  баскет е шести.

Следното  десетто коло велешани повторо играат дома ја пречекуваат екипата на КК Спарта од Скопје која е осма од девет екипи со две победи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »