речник контакт

Нова победа за одбојкарите на ГОК Борец, втора радост за кошаркарите на КК Борец баскет

Порази за велешките ракометни екипи во Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ја забележаа петата последователна победа во Првата лига со максимални 3:0 (25:21, 25:8, 25:21) е совладана екипата на  ОК Либеро. СО овие три бода велешани се сами на третото место а во последното коло, сабота играат  во Пробиштип, со ОК Весна која е четврта со два бода помалку. 

Кошаркарите на КК Борец баскет  ја забележаа втората победа во Втора лига. Неделата вечер во салата Гемиџии го совлада вториот тим на МЗТ Скопје со  74:65. По ова 8 коло, велешани остануваат претпоследни 11 со 10 бода. Во следното коло, гостуваат на КК Соколи, која го дели првото место со КК Вардар.

Два порази за двете велешки екипи во Првата ракометна лига. Во групата „А“ РК Бисинов загуби во Автокоманда, во  дербито на дното од  РК Шампион со  28:20 (13:11). ПО ова 11 коло, РК Бисинов е 9-ти од девет екипи во оваа конкуренција. Во следното коло, за две седмици,  играат дома со екипата на РК Овче Поле, која е 7-ма со три победи.

Во групата “Б“ МРК Борец загуби од второпласираниот тим на таблата РК Драчево со 56:18 (28:12)  И натаму ГРК Боpец е последен во ова група без освоен бод. Во следното коло на 18 декември гостуваат во Гевгелија, кај соседот на табелата 8 пласираниот РК Партизан спорт, кој има три победи.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »