речник контакт

Нова пријава за бомба во основно училиште во Кавадарци

Извршена е евакуација на учениците и вработените

Петар Печков

Утрово во Основното училиште  Гоце Делчев во Кавадарци, добиена е пријава за поставена бомба . Извршена е  евакуација на учениците и вработените.

„Денеска 12 декември  околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Минатата седмица во шест училишта во Кавадарци, три средни и три основни имаше пријава за поставени боми, а по извршените проверки,од страна на екипи на МВР се констатираше дека биле лажни. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »