речник контакт

Нова сообраќајка, повреден пешак

Сообраќајката се случила на ул. „Славко Ѓорѓиев - Сватот“

Петар Печков

Топлото време го раздвижи сообраќајот, се зголеми фреквенцијата  на учесниците и на автомобили и на пешаци. А безмалку секојдневно во полицискиот билтен има регистрирано и сообраќајна незгода. Така беше и вчера, вторник.

На 06.03.2019 околу 13 часот на улица „Славко Ѓорѓиев - Сватот“ во Велес патнички автомобил „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(24), удрил во пешакот Т.К.(78), кој се здобил со повреди и му била укажана помош Општата болница во Велес - пишува во информацијата на Верољуб Додевски портпарол на  СВР Велес.

Полицијата извршила   увид на местото на настанот по што ќе се знаат причините. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »