речник контакт

Нова средношколска тепачка, жртвата по втор пат добила ќотек

Нова тепачка на средношколец во Велес а жртвата по втор пат за две седмици добила ќотек. Тепачите откриени, причина одмазда. Како да заврши овој маѓепсан круг на насилство меѓу младите?

Петар Печков

Инцидентот се случил повторно во дворот на хемиското училиште во средата навечер околу 19 часот кога група силеџии натепале ученик. Според СВР Велес натепан е П.Х. ( 18 год) од Велес, ученик во Коле Неделковски додека минувал низ дворот на училиштето Димитрија Чуповски. Нападот е сторен од три  лица кои го тепале со раце и нозе за потоа и со дрвена палка.

Полицијата ги откри тепачите, станува збор за тројца малолетници од Горно Оризари: Ј.М. ( 15 год), ученик во хемиска, А.Ш. ( 16год) и А.Х. (16 год) ученици во УЗУС. Тие го натепале П.Х затоа што тој учествувал во тепачка кога бил натепан  Ј.М. Против тројцата насилници ќе бидат поднесени кривични пријави за тешка телесна повреда и учество во тепачка.

Натепаниот П.Х. пред две седмици, на 28 октомври,  доби ќотек од две лица и тогаш бил повреден. Истиот по неколку дена е учесник во масовната тепачка на 29-ти ноември на двајца ученици од Хемиското училиште за што доби кривична пријава за насилство.

Околу седум навечер одев во теретаната во Гимназија, кога од паркот се приближија три лица ме прашаа како се викам и откако им кажав почнаа да ме тепаат. Сите тројца со раце и нозе а потоа едниот од нив извади палка и со неа  ме удираше по главата. Бев натепан пред две недели еве сега повторно  ми се случува тоа, без повод и причина – вели П.Х. завиткан во завои, покажувајќи ги видливите повреди и крвни подливи по главата, јаболчниците, носот.

Тој на полицијата им ги открил напаѓачите, која ги уапси  и теи се идентификувани. Дежурниот доктор од велешката болница Филип Тодоровски посочи дека станува збор за потешки телесни повреди нанесени со цврст дрвен предмет.

Од СВР Велес велат дека и натаму нивни екипи по завршувањето на часовите се наоѓаат во двориштата од средните училишта во градот, посебно од Хемиското и УЗУС каде се случија овие инциденти но дека сепак треба семејството да биде главниот коректор  и воспитувач. Дедото на натепаното дете со апел до родителите.

Потребна е поголема грижа за децата, каде одат, што прават во слободното време. Дали е ова нормално, на денешно време така крвнички да се тепаат. Се плашам за неговата судбина бидејќи родителите му живеат во странство и тој живее со мене. Страв му е и нему и мене, тепачките мора да престанат. Треба да се сретнеме ние постарите бидејќи  на децата им зоврела крвта – вели дедото на П.Х.

Тој беше идентификуван како еден од единаесетмината ученици кои на 29-ти октомври во вечерните часови  во дворот на Хемиското училиште ги натепаа учениците  С.А. (18) , А.Џ. (16) и двајцата од село Бузалково и Ј.М. (15) од село Горно Оризари, кои завршија во болница а шестмина други поминаа  со полесни повреди. Ова како одмазда бидејќи тој ден претходно бил натепан од Н.К. (16) и А.М. (18) и двајцата од село Горно Оризари, за што од страна на СВР  Велес против е поднесена прекршочна пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »