Петар Печков
Објавено: недела, 19 април 2026
Нова успешна крводарителска акција во Градско. Во текот на денот биле собрани 103 крвни единици, од нив 7 првократни. Ова е прва од трите крводарителски акции кои се одржуваат во текот на годината во Градско.
Акцијата е реализирана од Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Се одржа во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков’ во Градско.
Минатата година во трите крводарителски акции реализирани во Градско, беа собрани 200 крвни единици.
фото ФБ ОО Црвен крст Велес
| Tweet |





