речник контакт

Нова фонтана ќе го краси плоштадот Сармаале

Фонтаната е донација од забратимената општина Адалар во Турција. Текстот е на Бојан Нанев од ТВ Здравкин, кој беше заедно велешката делагација при посетата на овој град.

Петар Печков

Фонтаната на плоштадот Сармаале ќе добие нов лик.  Ќе преставува помала реплика на фонатната Бахарије која се наоѓа на островот Хемалајада во збратимената турска општина Адалар. На минатонеделната посета на велешката делегација во Општина Адалар се одржа и дискусија за изгледот и положбата на фонатната во Велес.

Фонтаната која можевме да ја видиме овде е навистина убаво здание. Во Велес треба да се направи помала верзија на оваа фонтана, бидејќи локацијата не дозволува поголеми димензии. Во месец мај, тројца инжењери од Општина Адалар ќе дојдат да ја видат локацијата и да ги направат конечните проценки за нејзиниот изглед, вели Бејхан Мемедов советник во општинскиот совет.

Изградбата на оваа фонатана ќе биде донација од општината Адалар за заедницата на турците во Велес како и општината. Тие по нивната посета на нашиот град во декември, сакале да направат споменик кој ќе го одбележи пријателството помеѓу двете општини.

 Покрај за фонтаната, дискутиравме за поставување на биста на таткото на Туркста република, Мустафа Кемал Ататурк, што исто би било донација на нашата збратимена општина Адалар, рече Мемедов.

Доколку се оди според планот, и изградбата започне веднаш по посетата на турските инжењери идниот месец, свеченото пуштање во употреба на фонатната и откривањето на бистата на Ататурк, ќе се одржи на 10-ти октомври годинава. Оваа ќе биде прва по збратимувањето на Адалар и Велес во декември минатата година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »