речник контакт

Нови 33 пациенти од велешко позитивни на ковид-19

Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 60 пациенти, седум помалку од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 33 нови пациенти со ковид-19  а оздравени  втор ден по ред, нема. Ова  се податоците кои ги објави Министерството за здравство. бројот на активни случаи достигна до 544лица.

Вкупно хоспитализирани во двете  ковид одделенија од велешка Болница  се 60 пациенти, седум помалку од вчера, на Инфективно 54 и на Интерно шест, Физикалното кое вчера се отвори денес нема. Потврдено позитивни се 50, непотврдени  се четворица и шестмина   се негативни, но со потреба од болничка нега.

„Нема ново примени, а испишан е еден пациент со  еден негативен тест. На кислородна поддршка се 21 пациент“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »