речник контакт

Нови 1,5 илјади пластични столици на Западната трибина на Градски

Извршени се и градежни зафати за бетонирање на трибината и прифаќање на изворските води

Петар Печков

Нови 1.500 пластични столчиња се поставени на Градскиот стадион во Велес. Тие се донација на УЕФА преку ФФМ и ОФМ.  Со тоа Западната трибина е целосно уредена, откако пред три години беа поставени 800 други пластични столчиња. Така оваа трибина има капацитет од 2,3 илјади гледачи за седење.

Прифатени се изворските води, со чистење каналите, кои не се чистени со децении. Тие води се евакуирани не се повеќе проблем за стадионот.  Бетонирана не западната трибина, горната плоча на горното ниво и приодниот пат до неа. Ние како локалана власт ги изведовме градежните работи и монтажата на столиците - изјави градоначалникот Аце Коцевски.   

Најави и други градежни работи на уредување на стадионот во текот на пролетта, оти очекува дека ФК Борец 1919 од година ќе биде прволигаш и стадионот да биде подготвен за прволигашки натпревари.  Публиката пак очекува да биде отстраната металната ограда, која пред две децении беше задолжителна заради  спречување на евентуален инцидент, но сега повеќе не е потребна ниту според стандардите на УЕФА. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »