речник контакт

Нови 12 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 28 пациенти, исто колку и вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа  има регистрирано 12 нови случаи со ковид-19 во велешко и 10 оздравени лица. ова се податоци од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко е 167 лица.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 28 пациенти,  исто колку и  вчера.  Од нив 15  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврдени се четворица   и деветмина   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен е еден нов случај, испишани како оздравени нема.  На  континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 21 пациенти и седуммина  на Интерно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »