речник контакт

Нови 13 случаи позитивни на ковид-19, исто толку се згрижени на Инфективно одделедние

На Инфективното одделение почината е пациентка на 83 годишна возраст од Свети Николе

Петар Печков

Нови 13 случаи на позитивни  на ковид-19 во велешко и петмина оздравени. Ова е здравствениот биланс за изминати 24 час, кој го објави Институтот за јавно здравје.

Во велешко има активни 78 случаи. Дел од нив се згрижени во ковид одделението од велешка Болница -Инфективното. Ноќеска таму починала пациентка од Свети Николе.

„На Инфективно одделение вкупно се хоспитализирани 13 пациенти,  11 се потврдени позитивни и двајца непотврдени. На кислородна поддршка се осум  пациенти. Во текот на вчерашната ноќ, почината е пациентка на 83 годишна возраст која е лекувана три  дена на Инфективно одделение, ковид  позитивна,  невакцинирана, од Свети Николе“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »