речник контакт

Нови 13 случаи со ковид-19 во Велес и е петти во земјава по број на активни случаи

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 25 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  13 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 23 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко  се симна на  147. Со оваа бројка  Велес е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по  Скопје, Битола, Прилеп и Куманово.  Починати нема.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 25 пациенти, еден повеќе од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  21, на  Интерно  четворица. Нема испишани пациенти, ново примен е еден.

„Потврдено позитивни се 18, непотврдени  се двајца  и негативни се петмина    пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 13 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »