речник контакт

Нови 14 случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, 15 оздравени

Во велешка Болница во трите ковид одделенија хоспитализирани се 64 пациенти

Петар Печков

Нови 14 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко а оздравени се 15. Ова се податоци за изминатите 24 часа кои ги објави Министерството за здравство. По ова бројот на активни случаи во велешко изнесува 251 лице.

Во велешка Болница во трите ковид одделенија хоспитализирани се 64 пациенти,  од кои  46 се потврдени позитивни, пет  сомнителни  и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка болница.

На Инфективно  одделение згрижени се  35 во Модуларната болница се 20 и на  Интерно девет пациетни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »