речник контакт

Нови 15 позитивни случаи со ковид-19 во велешко, петмина оздравени

Во двете ковид одделенија од велешка Болница има згрижено 32 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа  има регистрирано 15 нови случаи со ковид-19 во велешко и петмина  оздравени лица. Ова се податоците кои ги објави  Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко е 177 лица.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 32 пациенти,  четири повеќе од  вчера.  Од нив 19  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврдени се четворица   и негативни се деветмина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се четири нови случаи, сите трансферирани од Интерно одделение, испишани како оздравени нема.  На  континуирана кислородна поддршка се 20 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 25 пациенти и седуммина  на Интерно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »