речник контакт

Нови 15 случаи на позитивни со ковид-19 и петмина оздравени

Во велешко активни се 228 случаи, хоспитализиран е 31 пациент

Петар Печков

Во велешко денес, петок,  се регистрирани 15 ново регистрирани  лица, позитивни на ковид-19, оздравени се пет пациенти. Ова се податоците кои  ги соопшти Министреството за здравство. Во велешко активни се 228 случаи а досега 3.259 лица биле заразени. 

Бројката на починати лица од велешко, како последица на ковид заразата е 107.  

Од велешката Болница дека во велешката Болница хоспитализиран е  31 пациент  од нив на Инфективно  се 30 а на Интерно еден. Од лежечките пацинети  26 се потврдени позитивни ,двајца  се сомнителни и тројца  пациенти  се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишан е еден  пациент како оздравен со  еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »