речник контакт

Нови 15 случи на позитивни на ковид-19 во велешко, 11 оздравени

Од велешка Болница транспортирана е една пациентка на Клиника за Инфективни болести- Скопје

Петар Печков

Денес петок , во велешко  регистрирани се 15 случаи на ново заразени со ковид-19 а  има 11  оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи е 311 а досега се имаат заразено 2.995 лица. Изминатиот период 101 пациент од велешко починале  од последици на корона вирусот.

Вкупно  во велешка Болница се хоспитализирани 24, на Инфективно  се 21  а на  Интерно тројца пациенти. Од лежечките пациенти  кои 19 се потврдени позитивни   и петмина  сомнителни. На кислородна поддршка се девет  пациенти. Од Болница се испишани се двајца   пациенти како оздравени со по еден негативен тест. 

Во текот на вчерашниот ден од велешка Болница транспортирана е една пациентка на Клиника за Инфективни болести- Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »