речник контакт

Нови 16 случаи со ковид-19 во велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, денес претпладне е 21 пациент, двајца помалку од вчера

Петар Печков

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 16 случаи на ново заразени со ковид-19  а оздравени се 11 пациенти. Со ова бројот на активни случи се искачи  на  142 лица. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, денес претпладне е 21 пациент, двајца помалку од вчера. Примени се двајца пациенти, испишани со по еден негативен тест се четворица.

„Има девет пациенти кои се позитивни, непотврдени се  двајца  и 10 се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 14 а на Интерно одделение седум пациенти. Слободни болнички кревети се 36.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »