речник контакт

Нови 18 случаи на позитивни на ковид-19 во велешко

Во трите ковид одделенија од Болницата има згрижено 51 пациент, четворица повеќе од вчера

Петар Печков

Осумнаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и 19 оздравени пациенти. Таква е состојбата со здравствениот билтен во велешко, за изминатите 24 часа која ја објави  министерството за здравство. Активни се 354 случаи. За потсетување претходните два дена, немаше регистрирано нови случаи на лица со корона вирусот.

Во трите ковид одделенија од Болницата  има згрижено 51 пациент, четворица повеќе од вчера.  Од нив 35  се позитивни потврдени со ПЦР тест, шестмина  се  непотврдени  и 10 негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Има примено четворица  пациенти, двајца на  Инфективно и двајца трансферирани од Интерно одделение.  Нема испишани пациенти. На  континуирана кислородна поддршка се 20“ - кажа др- елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 23, во Модулaрна болница  е 21   пациент додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има седуммина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »