речник контакт

Нови 18 случаи од велешко позитивни на ковид-19 и девет оздравени

Активни се 244 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 38 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, четврток   во велешко има 18 ново заразени лица  со ковид-19,  а девет   се оздравени. Активни се 244случаи а досега се заразиле 3.416 лица.

Како жртва од последиците на корона вирусот во велешко има  111  починати лица.

Во велешка Болница се хоспитализирани 38  пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и седум   се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум  лица.  На Инфективно одделение се сместени 31  а на Интерно седум   пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »