речник контакт

Нови 22 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница се хоспитализирани 54 пациенти, активни во велешко се 678 случаи на лица со корона вирус

Петар Печков

Центарот за јавно здравја Велес ги објави податоците за состојбата со ковид заразата во велешко, денес, четврток 17-ти декември.

Има нови 22 случаи на лица позитивни на ковид-19, вкупно досега се  2.536.

Оздравени се  36 пациенти или вкупно 1.778 . Активни се 678 случаи,  од нив 616 се на домашно лекување , осум се во приватни клиники во Скопје и еден на торако-васкуларна .


Во велешка Болница се хоспитализирани 54 пациенти, од нив 46 се потврдени позитивни, непотврдени се осум. На кислородна поддршка се 23 пациенти.

Денес се испишани се седум  пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно одделение лежат  40 пациенти, на  Физикално девет и на Интерно пет - соопшти др Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »