речник контакт

Нови 22 случаи на позитивни на ковид-19 во велешко и еден починат пациент

Бројот на активни случаи во велешко надмина 300

Петар Печков

Дваесет и два нови случаи на позитивни на кводи-19 во велешко и 12 оздравени. Ова е здравствениот билтен за изминати 24 часа, кој го објави Министерството за здравство.

По ова бројот на активни случаи во велешко надмина 300 и изнесува 305.

Изминатото деноноќие има еден починат жител на Велес, маж на возраст од 75 години, кој бил на болничко лекување во велешка Болница. Тој е 194-та жртва на последиците на корана вирусот.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница  е хоспитализиран 61 пациент,  од нив  47 се потврдени позитивни, шест  сомнителни  и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

На Инфективно одделение се згрижени  34 пациетни, на Интерно шест и во  Модуларна болница се 21.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »