речник контакт

Нови 23 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Бројот на активни случаи се искачи на 65 лица

Петар Печков

Изминатите 24 часа во Велес и велешко регистрирани се 23 нови случаи со ковид-19. Очигледно вирусот зема замав и се зголемува бројот на позитивни случаи и во градот но и во државата и Европа.

Министерството зa здравство соопшти дека оздравени се 8 лица. Вкупниот број на позитивни случаи во Велес и велешко е 65 пациенти.

Според надлежните радува што во овој бран, нема многу хоспитализирани пациенти, лица на кои им е потребна здравствена болничка нега. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »