речник контакт

Нови 24 лица позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени седум

Aктивни се 278 случаи,во велешка Болница се згрижени 29 пациенти

Петар Печков

Билтенот на Министерството за здравство за денес, среда е дека во велешко има 24 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и седуммина  оздравени.

Со тоа активни се 278  случаи  а досега се заразени 3.501  лица.  Од  последиците на корона вирусот, досега починале 111  лица од велешко.

Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 29 пациенти,  од нив 24 се на Инфективно одделение и петмина на Интерно. Од  лежечките пациенти  21 се потврдено позитивни, двајца се  сомнителни и шестмина  пациенти се со негативен тест но   задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се осум  пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »